Визијата на Институтот за дигитализација, економија и иновации-ИДЕИ Скопје е: Креирање на свет каде секој ќе има пристап и бенефит од можностите кои ги нуди дигиталната економија.
Институт за дигитализација, економија и иновации-ИДЕИ Скопје е посветена на подобрување на јавните политики преку градење на отворен, веродостоен социо-економски систем низ користење на дигитални алатки и иновативни решенија.
ИДЕИ-Скопје е непрофитна, непартиска организација, посветена на поттикнување на околина на иновации, соработка и експериментирање, каде новите идеи и пристапи може да бидат испробани, тестирани и имплементирани. Нашата цел е да ги развиваме новите технологии и модели кои имаат потенцијал да создадат трансформативни промени кои би биле споделувани во државата и странство.
За нашиот тим
Претседател на организацијата е Александар Костадинов. Нашиот тим се состои од повеќе од 10 експерти кои имаат многугодишно искуство во обласите на економија и ИТ.
Александар Тримчевски – соосновач (графички и веб дизајнер и програмер). Повеќе од 15 годишно искуство во креирање на дигитални алатки, како и алатки за неформално образование на деца и млади.
Веб:
https://nabukva.mk (АБВ со Македонка)- македонска азбука;
https://moedete.mk/boenka/ (Боиме со Бојан) – бои и форми;
https://nabukva.mk/vnoti/ (Лов на инструменти)- народни инструменти. Принт: https://moedete.mk/abv.html
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ
ЛИЧЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ
Вработените во ИДЕИ мораат да постапуваат со чесност, интегритет и отвореност во сите свои активности во име на организацијата. ИДЕИ ја поддржува работната средина која цени почит, справедливост и професионализам.
КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕС
Според принципите на основањето на организацијата, вработените во ИДЕИ мораат да избегнуваат конфликт на интерес или појава на конфликти на интерес. Никогаш не треба да се вклучуваат во било каква активност која може да ја компромитира или да изгледа дека ја компромитира довербата или репутацијата на ИДЕИ.
ПОЛИТИКА НА ИНТЕГРИТЕТ
За да обезбедиме дека информациите и знаењата кои ИДЕИ ги генерира имаат вредност за јавноста, ИДЕИ се обврзува да спроведува истражувања кои се независни, отворени и ги исполнуваат највисоките стандарди при истражувањето.
Користиме алатки и методи на анализа кои според нашата професионална преценка се соодветни за проблемот на истражувањето што се спроведува. Ги опишуваме нашите наоѓања и методи точно и со доволно детали за да им дозволиме на надворешни лица да ја оценат доверливоста на нашите резултати. Го поттикнуваме прашањата за нашите методи и практики на истражување и се обидуваме да ги одговориме на барањата за информации на време. Како што е опишано во нашата политика за приватност, се обврзуваме да ги заштитиме нивните лични информации.
Ако има извештаи, студии и/или анализи кои од страна на вработените или од други лица се сомневаат во злоупотреба или неправилност, извештаите ќе бидат предадени на претседателот на ИДЕИ и на Управниот Одбор, кој темелно ќе ги истражи и ќе преземе соодветни мерки доколку е потребно.
НЕДИСКРИМИНАЦИЈА И ИНКЛУЗИВНОСТ
ИДЕИ има политика на недискриминација и промовира инклузивност. ИДЕИ ја забранува дискриминацијата врз основа на пол, раса, вероисповед, потекло, возраст, сексуална ориентација, личен изглед, политичка припадност, брачен и фамилијарен статус, бременост, медицинска состојба, и/или било која друга карактеристика заштитена со закон.
ПРИДРЖУВАЊЕ КОН ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ
ИДЕИ се обврзува да ги спроведува активностите законски и етички и бара од сите вработени да се придржуваат кон законските прописи.
ЗАКЛУЧОК
Овој Кодекс на етика е генерален во обликувањето на широките етички принципи на ИДЕИ. Организацијата ќе се води од Кодексот, како и од други норми во секторот при решавање на специфичните предизвици кои не се експлицитно споменати горе.