Отворен Балкан – перспективи за пазарот на труд

Во минатото, засегнати од високи стапки на невработеност кои достигнуваа рекордни 38.8 проценти во средината на 90-тите години,  податоците од последните години покажуваат дека стапките на невработеност во трите земји членки на Отворен Балкан (Албанија, Македонија и Србија) достигнаа историско ниски нивоа, додека пак стапката на невработеност во Србија се приближува до просечната стапка на невработеност на ниво на ЕУ просекот од 6% во 2023 година.

Стапка на невработеност (крај на година)

 201820192020202120222023
Aлбанија12.812.012.212.111.311.2
Македонија21.017.516.615.814.513.2
Србија13.711.29.711.09.48.6

Извор: ЕУ,2024

Согласно Договорот за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан, потпишан во Тирана во декември 2021 година, државите членки го отпочнаа спроведувањето на активностите потребни за слободен пристап до пазарот на труд.  Системот стана оперативен од 5 март 2024 и овозможува електронско доделување на идентификациски број со кој лицата кои бараат работа можат да аплицираат за работа преку националните агенции за вработување. Процесот е дигитализиран и олеснет од  голем број на административни постапки, што ги поттикнува работниците да се регистрираат и бараат работни можности.

Друг важен критериум при одлуката околу можноста за мобилност на работната сила помеѓу економиите од Отворен Балкан е износот на платата на работниците. Во табелата  подолу се прикажани споредбите на земјите според бруто плата по економска активност. Како што може да се забележи, платите во Албанија се најниски во повеќето сектори на економска активност. Сепак, разликите во повеќето сектори не се доволно големи во споредба со земјите од ЕУ каде просечните плати се многу поголеми.

Иако сеуште е во рана фаза од воведувањето на услугата, не постојат достапни статистики кои можат да обезбедат информации за бројот на регистрирани лица, меѓутоа, очекувањата се дека најчесто побарувани профили би биле сезонските работници, како и високо квалификувани професионалци како ИТ професионалци, менаџери, инженери и слични професии.

Функционирање на иницијативата е загрозено од подготвеноста за соработка од страна на политичките актери во регионот. Така на пример, со изјавата на Претседателот на Албанија Еди Рама од јуни 2023, се протолкува дека Албанија ќе се посвети повеќе во процесите кои произлегуваат од Берлинскиот Процес, каде учествуваат сите 6 земји од Западен Балкан.

Понатаму,  спроведувањето на договорите за слободен пристап до пазарот на труд се спроведуваат од Заеднички комитет, чиишто активности и одлуки не се јавно достапни, што дополнително додава сомнеж во имплементирање на договорите. Ова на пример беше забележано од македонската опозиција која одби да учествува во гласањето на некои од законите поврзани со слободен пазар на труд, со образложение дека немаат доволно детали околу процесите.  

Автор: Александар Костадинов