Вештачката Интелигенција и политиката

Споредба на карактерот на политичката дебата на Твитер помеѓу лидерите на трите најголеми македонски партии

Анализата ја елаборира Твитер комуникацијата со јавноста на лидерите на трите најголеми политички партии во Македонија во периодот јуни-август 2023. Користени се различни техники на анализа на комуникациската содржина, како на пример, со алатки за машинско учење направен е хиерархиски кластеринг и споредба на темите и содржините кои ги користат лидерите на трите најголеми македонски партии.
Сентимент анализата е направена со помош на алатка за машинско учење и истата овозможува да се спореди тонот со кој лидерите на партиите се служат во комуникацијата.
Понатаму, со помош на ВИ е дизајниран модел со корисничка содржина кој може да ги обработува текстовите од комуникациите, да ја сумира содржината и да одговора независно на прашања поврзани со одредени теми. Исто така, моделот овозможува превод на содржината од македонски јазик на англиски и обратно.

Превземете ја анализата овде >>>