Нашата нова публикација „Инклузивност во процесот на креирање на програми за поддршка и партнерство со бизнис секторот во Општина Центар“ се состои од 2 дела:
- Дел I – Анализа на база на податоци од регистар на правни субјекти во Општина Центар
- Дел II – Анализа на резултати од спроведено истражување за инклузивност во процесот на креирање на програми за поддршка и партнерство со бизнис секторот во Општина Центар – од 256 компании
- Клучна препорака која се базира на резултатите од истражувањето е дека компаниите во Општина Центар се отворени за соработка и се подготвени за заеднички акции во насока заедничко креирање на програмски активности за поддршка на компаниите. Врз основа на добиените предлози и сугестии од претставниците на бизнис секторот, може да се забележи дека голем дел од испитаниците бараат начини и канали на соработка со општината.
- Способноста да се совладаат новите дигитални технологии се фундаментален предуслов за развој како на бизнисите, така и на јавната администрација. Од овие причини, воведување на нови дигитални алатки на општинско ниво потребно е да биде во чекор со јакнење на дигиталните вештини на вработените во општинската администрација.
- Сугестиите за поголем степен на дигитализацијата и развој на нови сервиси како е-општина, алатки кои користат вештачка интелигенција (пример АДА) се новите предизвици за Општина Центар. Компаниите кои работат и се регистрирани во општината, сугерираат кон потребата од креирање на канали за соработка и формирање на хелп-деск или инфо-поинт на Општина Центар, преку кој ќе се воспостави трајно и одржливо партнерство и соработка помеѓу општината и бизнисите.
- Законот за угостителска дејност го регулира издавањето на станови, соби, апартмани, куќи и останати сместувачки капацитети кои се нудат од страна на физичките лица. Во случајот со општините кои се на територијата на Град Скопје, физичките лица се должни да ги регистрираат своите сместувачки капацитети најпрвин во општината каде се лоцирани, во случајот во Општина Центар, од каде се добива решение за упис во Регистарот на физички лица кои вршат угостителска дејност, а потоа истото се носи во Град Скопје заради добивање на решение за категоризација. Препораки и сугестии од страна на претставниците на бизнисите се однесуваат на поедноставување и дигитализација на процесот на регистрирање на сместувачките капацитети, а од особена корист и ефикасност би било за лицата кои ги нудат своите капацитети на онлајн платформи како Airbnb и Booking.
- Новоформираните компании и слободни професионалци (фриленсери) имаат потреба од канцелариски простор за работење кој ќе биде достапен за користење под поволни услови. Оттука се и предлозите поврзани со реконструкција или обнова на општински простор кој би бил отстапен на користење за млади претприемачи, слободни професионалци,
- Од добиените одговори може да се забележи дека голем дел од забелешките се поврзани со ниското ниво на хигиена и остатоците од храна од приватните субјекти кои подготвуваат и служат храна. Сугестиите за решавање на овој проблем е воведување на систем за селекција на отпад како и воведување на систем за собирање на отпадни масла кои остануваат во процесот на приготвување на храна во домаќинствата и угостителските објекти.